Двајца Албанци приведени на Табановце под сомнение дека имале фалсификувани исправи

Сподели со своите пријатели

Вчера точно на пладне на граничниот премин Табановце, кај две лица биле откриени фалсификувани патни исправи, откако се обиделе да ја напуштат државата со патничко моторно возило марка „Цитроен“, и двајцата државјанин на Република Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Именосо возилото допатувале Ш.О.(24) и Д.Џ.(46) двајцата со албански патни исправи. При увид во патната исправа на Ш.O. било утврдено дека постојат сомненија дека истата била фалсификувана, односно дека е отстранета оргинална хартија на страницата бр.8 и е заменета со друга несоодветна хартија, а при увид во патната исправа на Д.Џ. постојат сомненија дека е отстранета оргинална хартија на страницата бр.20, и исто така дека е заменета со друга несоодветна хартија.

Истите се приведени и предадени на Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка.