Рано утринава 10 минути по полноќ на граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека патните исправи на лицата Д.М. (28) и Г.В. (39), двајцата од Република Албанија, се фалсификувани, односно извршена била замена на по една страница од друга патна исправа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Со нив бил извршен разговор и истите изјавиле дека фалсификувањето го направиле со цел да ги отстранат забраните, кои им биле втиснати.
Со потврда за привремено одземени предмети, патните исправи им се одземени, а лицата се приведени. Во 01.20 часот со потврди за предавање на лице, лицата и патните исправи се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.