Дваесет жени од Куманово се вклучија во проектот ”Викижени” (галерија)

Сподели со своите пријатели

Дваесет жени од Куманово вчера добија уверение издадено од Здружението на граѓани ”Споделено знаење” за учество во проект за збогатување на содржините и статиите постирани во електронското издание на Википедија на македонски јазик.

Loading...

[huge_it_gallery id=”92″]

Претседателот на Извршниот одбор и основач на здружението, Снежана Штрковска, при доделување на уверенијата истакна дека во Куманово уверенија ќе добијат жени – википедијанци, кои во изминатиот период се занимаваа со збогатување на Википедијата со теми,  статии и фотографии, откако според постираните содржини, било заклучено дека  многу мал број на женски лица  знаат да работат на тоа поле.

Нашето здружение започна проект наречен ”Викижени” во Македонија,  при што стапивме во контакт и со Здружението на Срби во Македонија, и овде во Куманово ни беше предложено да одржиме девет сесии кои ние ги прифативме. Во текот на 9 сесии кои се одвиваа во април, мај и јуни, ние ги научивме како да напишат статија, да го подобрат веќе напишаното, како да преведат на пример од српски на македонски и обратно, како да да стават статија на Српската википедија, при што во овој проект учествуваа 56 жени, од кои 20 во Куманово. Сега имаме над 200 нови статии, значи веќе е збогатена македноската википедија, вели Штрковска.

Википедија е всушност една огромна енциклопедија која што на најголем број на населението им е достапна по пат на интернетот. Всушност таа претставува едно богатство бидејќи не може да се земе како стручна литература бидејќи ја пополнуваат луѓе од различни области. Меѓутоа е една фантастична насока да ги пронајдете сите работи што ви се потребни, вели Гордана Јовиќ – Стојковски, претседател на Српската заедница во Македонија.

– Што се однесува до нашите земји кои се посиромашни и понемоќни, процесот е позабавен. Ако на пример земете една западна земја имате во тек на еден час дури и до 4.000 постирања на нови текстови додека кај нас тоа оди навистина споро. Српската заедница во Македонија има многу нешта што може да ги покаже и на некој начин може да ги објасни на Македонците и на другите националности кои би биле заинтересирани. Еве како за нашите споменици, значајни датум, личности од минатото и од сегашноста и слично. Во Куманово веќе се оспособени 4-5 жени кои прават постови и веќе се направени први содржини за Куманово и во Скопје, вели Стојковска.

Розана Деспотовиќ, учесник во проектот ”Викижени”, вели дека по спроведената обука, жените сами избирале која тема и од која област ќе пишуваат на Википедија.

– Првпат преведувавме од странски јазик на македонски јазик, а потоа имавме избор да си избереме теми кои што ние  сакаме да бидат застпанени во Википедија. Така да јас пишував за Српската заедница во Македонија,  и пишував за училиштето во кое работам, т. е за СОУ ”Перо Наков”, вели Деспотовиќ.

Жените википедисти упатија апел до сите граѓани кои имаат преведувачки и пишувачки способности, да се приклучат кон проектот за збогатување на содржините во Википедија на македонски јазик, со оглед дека ова неформална енциклопедија претставува извор на информации за Македонија.

Инаку, целта на Википедија е да се создаде „свет во којшто секој поединец има слободен пристап до сумата на севкупното човечко знаење.“ Википедија е едно од најпопуларните референтни места на Мрежата, примајќи околу 50 милиони погодоци на ден.

Името е кованица од хавајскиот збор „вики“ (wiki), што значи „брзо“, а бил присвоен да опише еден вид на соработен програм и зборот „енциклопедија“.

Loading...