Два земјотреси ја погодија Италија за неколку минути, пренесува Раи њуз.
Loading...
Земјотреси се регистрирани во близина на градот Месина на Сицилија.
Првиот земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 6 часот и 7 минути, а вториот, послаб, со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала, следел неколку минути подоцна.
Земјотресите се регистрирани на длабочина од 19 и 24 километри.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.