Два пожари викендов избувнале на локалитетот Спомен Костурница во Куманово, а истите биле намерно подметнати, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
Првата интервенција била завчера во период од 117:15 до 17:55 часот, а откако огнот бил локализиран од страна на двјца пожарникари, по само пет минути повторно избувнал.
Од страна на Територијалната противпожарна единица Куманово бил извезстен и Секторот за внатрешни работи, дека непознато лице намерно ја запалило сувата трева на историскиот локалитет.
СВР Куманово работи на пронаоѓање на сторителот.