Два полови напади врз 14-годишни момче и девојче

Сподели со своите пријатели

СВР Штип поднесе кривична пријава против шеснаесетгодишник од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот во текот на февруари 2017 година во неговиот дом со употреба на физичка сила извршил полови дејствија врз  четиринаесетгодишно девојче од Штип со кое бил во љубовна врска.

Во вториот случај полицијата од Гевгелија поднесе кривична пријава против И.А. (27) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

На 18.03.2017 година пријавениот со употреба на сила извршил полови дејствија врз малолетник од Гевгелија.