Два обиди за нелегално преминување на ГП Табановце во еден ден

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден, поточно во 21,00 часот на ГП – Табановце допатувала К.П.(38) од Албанија и при извршена контрола во патната исправа постои сомнение дека истата е фалсификувана, односно намерно е вршено механичко бришење на информација внесена на страница бр.3, по што албанската државјанка е лишена од слобода и приведена, а патната исправа со Потврда за привремено одземени предмети е одземена.

Loading...

Истиот ден, во 22,40 часот на ГП – Табановце, допатувал Н.Л.(26) од Албанија и при извршена контрола во патната исправа констатирано е дека недостигаат страниците бр.7/8, 9/10, 15/16, 37/38, 43/44. Поради сомнение дека лицето  намерно ја има оштетено својата патна исправа, истото е лишено од слобода и приведено во ПС, а наведената патна исправа со Потврда за привремено одземени предмети е одземена.