Два нови случаи на коронавирус во Куманово

Сподели со своите пријатели

Денеска се регистрирани еден починат пациент и 10 нови случаи на заболени со Ковид-19 и тоа во Скопје 6, во Куманово 2, Прилеп и Велес по еден.

Loading...

На Клиниката за инфективни болести почина пациент од Делчево на 60-годишна возраст кој имал и други придружни малигни болести.

Досега има вкупно 1.674 заболен, починати 92 и активни 377 случаи.

На Инфективна примени се тројца нови и хоспитализирани вкупно 41, во „8 Септември“ има 13 нови, а вкупно 25 пациенти.

Денеска се оздравени петмина пациенти и направени 189 тестирања.

Leave a Reply