Два милиони денари за чистење на речните корита во Куманово
On:
Сподели со своите пријатели
Заврши чистењето на речните корита на Кумановка и Липковка, за што општината одвои два милиони денари. Ова е второ чистење на речните корита од почетокот на годинава. Фирмата изведувач работи со механизација и изнесена е огромна количина на смет, информираше денеска, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.
„Верувам дека овој пат граѓаните ќе имаат повисоко ниво на свест во однос на зачувувањето на животната средина, особено граѓаните кои живеат околу речните корита“-изјави Димитриевски.
Механизацијата на фирмата изведувач во моментов го чисти речното корито на Којнарка, која претходно беше исчистена во пролетниот месец.
„Се надевам дека ќе имаме уредна и чиста средина, иако има несовесни граѓани кои повторно исфралаат смет во речните корита“-изјави Димитриевски.
Тој потсети дека заврши втората фаза на уредување на речното корито на Липковка и најави дека во иднина ќе се продолжи со партерно доуредување, нови пешачки патеки за наредната година. Кај населбата „Средорек“ ќе се продолжи со првата фаза од уредување на речното корито и таму најави Димитриевски ќе се изгради мини парк пред локалитетот „Водовод“.