Во текот на ноќта и утрово времето низ Македонија е облачно со локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
По одделни котлини има појава на магла со намалена видливост до 500 метри. Дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец со брзина над 45 km/h.
Во текот на денот времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m 2 ). На планините врнежите ќе бидат од снег.
Во текот на денот температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места.
На планините и на повисоките места ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка.
Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен (над 70 km/h) северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен вете од северен и северозападен правец кој ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.
Температура во текот на денот ќе достигне максимални пет степени целзиусови, додека во текот на ноќта се очекува истата да падне три степени под нулата и врнежите од дожд да преминуваат во врнежи од снег.
За денеска за кумановско се издадени две метео предупредувања, портокалов метео аларм за опасност од снег и мраз, и жолт аларм за опасност од силен ветер.