Два месеци по земјотресот во Турција: „Спиеме во шатори, стотици делат само два тоалета“

Сподели со своите пријатели

Кога гледам во мојот дом сега, не ми се допаѓа. Се плашам, рече момчето (8) додека се присетуваше на времето пред земјотресот во Турција.

Loading...

Имал другар со кој секој ден возел велосипед. Два месеци подоцна, тоа повеќе го нема, пишува Дејли Мејл.

Неговиот татко, Ахмед Кумал, на новинарите им ги покажа урнатините кои некогаш биле нивниот семеен дом.

Тие биле заробени под него седум часа по разорниот земјотрес.

Нашле доволно голема дупка од која било спасено целото семејство – татко, мајка, близнаци (3) и два сина (5 и 8).

Сега спијат во импровизиран шатор што Ахмед го изградил во провинцијата Хатај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

На тоа место повеќе од 900.000 луѓе живеат надвор од своите домови.

Семејството на Ахмед спие во една соба, на донаторски душеци, до друга соба каде што се капат и готват. Вода им се носи во цистерни.

Loading...

Тие не се сигурни дали ќе добијат контејнер за спиење.

– Тешко ни е – рекла Лејла, сопругата на Ахмед.

– Ладно е, а ние немаме со што да се грееме. А наскоро ќе биде многу жешко – истакна таа.

Редици за храна

Турските власти имаат намера за една година да изградат 319 илјади нови згради.

Сепак, има многу критики, особено кон изведувачите на претходните работи и нивната неподготвеност за вакви ситуации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мали: 70 загинати во напад на група поврзана со Ал Каеда

На улица живее и Фатих Квак. Заедно со сопругата и четирите деца.

– Порано доаѓавме да играме во паркот, но сега тој ни е дом. Кога врне, шаторот се навлажнува. Стотици користат два тоалета, нема вода и чекаме во редици за храна“, рече тој.