Два авиони на јапонската армија пристигнаа во Јордан за евентуална евакуација на Јапонци од Либан

Сподели со своите пријатели

Два јапонски воени авиони пристигнаа во Јордан за можна евакуација на јапонски државјани од соседен Либан по ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, соопшти денеска јапонското Министерство за одбрана.

Loading...

Јапонски воени транспортни авиони Ц-2 слетаа на јорданскиот аеродром по полетувањето од базата во западната јапонска префектура Тотори во четвртокот наутро, објави Кјодо.

Друг авион треба да лета за Грција како дел од напорите да се обезбеди оперативна флексибилност и да се намали ризикот за јапонските државјани во Либан, соопшти агенцијата.

„Во соработка со релевантните министерства и служби, приоритет ќе ја дадеме на безбедноста на нашите граѓани во странство“, рече јапонскиот министер за одбрана, генерал Накатани, на прес-конференција во Токио, без да даде детали за операцијата, пренесува Танјуг.

Според податоците на јапонското Министерство за надворешни работи, во Либан во моментов има околу 50 јапонски државјани.

Израелските сили започнаа ограничени копнени операции против Хезболах во вторникот, во нивната прва копнена инвазија на Либан од 2006 година.

Копнената операција уследи по израелските воздушни напади врз Бејрут во кои беше убиен лидерот на Хезболах Хасан Насрала.

Како одмазда, Иран во вторникот лансираше балистички ракети кон Израел.

Loading...