Најпознатиот бренд на кондоми во светот, Durex, денеска ги преплави социјалните мрежи во Индија со својата објава на Twitter. Имено, компанијата навлегува во сосема нов пазарен сгемент – ќе произведува фармерки.
Да, добро прочитавте – DurexJeans сега е вистински производ. Фармерките ќе се најдат во продажба подоцна неделава, а ќе ги промовира бренд амбасадорот на Durex India, популарниот актер од Боливуд – Ранвир Синг.
„Ги имаме најдобрите дизајнери да ги направат најдобрите можни фармерки, притоа задржувајќи го стилот на кондомите Durex Jeans, како и заштитната сина боја и нежната текстура на површината, која на фармерките ќе им даде цврстина и еластичност. Тоа се главните елементи кои ќе направат да се чувствувате моќни и задоволни кога ги носите“ порачаа од компанијата.
We’re launching Jeans! And Ranveer’s gonna be trying out his first ever. Excited? Well, that’s our speciality! #DurexJeans pic.twitter.com/5UpIJFVBfw
— Durex India (@DurexIndia) March 22, 2017
Loading...