ДУИ со конечна одлука: Ќе формира влада со СДСМ (видео)

Сподели со своите пријатели

ДУИ и официјално ја даде поддршката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и најавија формирање заедничка влада, според конечната одлука донесена на Централното претседателство на партијата од Мала Речица.

Портпаролот на партијата, Бујар Османи уште еднаш го повика претседателот Иванов да размисли за одлуката и го додели мандатот за формирање влада на Зоран Заев.

Го повикуваме господинот Иванов, согласно со неговите уставни надлежности и неговото сопствено барање да го додели мандатот за формирање на влада, потврдено со 67 потписи. Истовремено го повикуваме Иванов и сите политички партии да бидат внимателни во своите изјави да не ја загрозуваат заедничката иднинана граѓаните. ЦП на ДУИ ги информира граѓаните дека давањето на потписи за поддршка за земање на мандат истовремено подразбира и поддршка формирање на ново парламентарно мнозинство и нова влада, во духот на Рамковниот договор и посветена во владеење на правото и интерацијата во НАТО и ЕУ. Учеството на ДУИ во новата владаја рефлектира волјата на албанскиот народ изразена на последните избори од 11 декември и има за цел исполнување на програмата ветена пред граѓаните. ДУИ ќе бара целосно испитување на работата на ДУИ од нејзиното формирање во 2002 година до денеска и тоа под меѓународен мониторинг се додека не заврши процесот на формирање на правиот ситем во државата – изјави Османи, а пренесува Телевизија 24.

Loading...