Цели сеудм часа високиот партискио врв на ДУИ вчеравечер се консултираше на предлог законот за јазици доставен од страна на СДСМ и колаицијата.
Како што пренесуваат националните медиуми членовите на ДУИ се согласиле со законто за употреба на јзиците и дека Али АХмети ги има овластувањата да донесе одлука дали потписите на пратеницците од неговата партија ќе одат во коалиција со СДСМ.
Во однос на двојазичноста, од информациите кои се познати и соопштени во јавноста, ДУИ бара двојазични табли на сите државните институции, двојазични патокази, печати, водење собраниска седница на албански јазик, постапките пред судовите и постапките пред управните органи да се водат на албански јазик. Се предлага да се овозможи во судската власт, во случаи кога учесниците во постапката се од албанска националност, судија, обвинител, странка, не само да зборуваат на албански, тоа и сега е регулирано, туку постапката да се води на албански јазик.
Следната средба во ДУИ е закажана за утре, а кога ќе има Влада и кај кого ќе завршат потписите за коалиција зависи само од одлуката на Али Ахмети.