Дугин: Нов обид за атентат на Трамп ќе доведе до граѓанска војна

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп стана симбол на новата идеологија на „Трампизмот“, а новиот обид за атентат врз него нема да го елиминира, туку ќе доведе до граѓанска војна, вели рускиот филозоф, политиколог и социолог Александар Дугин.

Loading...

– Трампизмот сега е во пораст во американското општество… Трампизмот не може да се елиминира така лесно, со обид за атентат – готово. Секој обид да се премине на порадикален отпор кон Трамп сигурно ќе доведе до најмалку граѓанска војна, рече Дугин во интервју за Спутник.

– Откако (Доналд Трамп) го назначи за потпретседател Венс, неговиот млад, убеден идеолошки поддржувач, кога се појавија луѓе како Маск, Кенеди, Тулси Габард и целиот негов нов круг, стана јасно дека Трамп е – повеќе од Трамп. Односно, тоа е симбол и идеја, тренд… Ова е веќе, ако сакате, идеологија – додаде Дугин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски го објави клучниот услов на Украина за преговори со Русите

Трамп во понеделникот официјално положи заклетва како американски претседател, положувајќи заклетва на церемонијата на инаугурација што се одржа во Капитол.