Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека нема јасни докази за тоа кој го испукал проектилот во инцидентот во кој загинаа две лица во селото Пржеводов, на границата со Украина.
„Истражителите ќе го разјаснат ова прашање. Најверојатно станува збор за проектил од руско производство, но сè уште се истражува“, рече Дуда во средата.
Тој изјави дека во текот на ноќта имал серија телефонски разговори со американскиот претседател Бајден, генералниот секретар на НАТО Јенс Стонетлберг, британскиот премиер Риши Сунак, германскиот канцелар Олаф Шолц и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.ж
Тој истакна дека Бајден ветил дека ќе ја поддржи истрагата.
„Сакам сите да останат смирени. Полските војници се на терен. Има сојузничка поддршка за нас. Работиме“, рече Дуда.
Вчера непознат проектил паднал врз селото Пржеводов, на границата меѓу Полска и Украина, при што загинале две лица.
По инцидентот беше одржан итен состанок на полскиот комитет за национална безбедност и беше одлучено да се зголеми борбената готовност на воените единици.
Многу земји од НАТО излегоа со изјави дека развојот на настаните е загрижувачки и изјавија дека треба да се истражат сите аспекти на инцидентот и да се разјаснат многу детали.