Дуда: Одлуката на САД да ѝ дозволат Украина оружје за удари може да биде одлучувачка за војната

Сподели со своите пријатели

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави денеска дека одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, да ѝ дозволи на Украина да користи оружје произведено од САД за да напаѓа длабоко во руска територија, веројатно ќе биде одлучувачки момент во војната меѓу двајцата соседи, објави Ројтерс.

Loading...

„Оваа одлука беше многу неопходна… Русија гледа дека Украина ужива силна поддршка и дека позицијата на Западот е непопустлива и одлучувачка“, изјави Дуда за новинарите, пренесе Танјуг.

Дуда нагласи дека „тоа е многу важно“ и дека е „потенцијално одлучувачки момент во оваа војна“.