Дубравка е победничка во натпреварот во лежење: 5 дена не мрдна ни со прст и ја однесе победата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дубравка Аксиќ од Подгорица е победник на традиционалниот натпревар за лежење, што се одржа во Етно селото на Црна Гора во Доња Брезна. Лежеше 117 часа, соборувајќи го претходниот рекорд.

Loading...

Второто место му припадна на Никола Бошковиќ, кој стана само пет минути пред Дубравка.

Марко Вучковиќ од Никшиќ издржа 115 часа во лежечка положба.

Победничката доби награда од 300 евра.

Правилата беа такви што на учесниците им беше забрането да стануваат, но дозволено е спиење, читање книги, храна и пијалок. Новото правило во споредба со претходните години е дека ви е дозволено да одите во тоалет на секои осум часа.