ДСЗИ наложи преземање против-епидемиски мерки за кумановската градинка

Сподели со своите пријатели

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) издаде решение со кое се наложува превземање против-епидемиски мерки во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово, откако десетици деца побараа лекарска со симптоми слични на труење со храна.

Loading...

Со решението се наложува забрана за работна на главната кујна, која е затворена со лента, информираат од ДСЗИ.

– Забрана за користење на останатите 2 чајни кујни во клоновите каде се дистрибуирала храна од оваа кујна.

– Забрана за користење на занималните во сите три клона, каде престојувале деца со симптоми на труење со храна.

– Темелно механичко чистење на кујната и останатите простории забранети за употреба.

– Вршење на вонредна дезинфекција од овластена служба.

– Вршење на вонредни здравствени прегледи на вработените во кујната.

Како што појаснуваат од ДСЗИ, наведените простории ќе бидат затворени се до добивање на негативни резултати од земените брисеви.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply