DRӒXLMAIER Македонија обезбеди заштитни маски за здравствените установи во Куманово

Сподели со своите пријатели

За потребите на општата болница во Куманово и службата за Итна медицинска помош, DRӒXLMAIER обезбеди повеќе од 140.000 медицински заштитни маски.

Loading...

120.000 заштитни маски за потребите на ЈЗУ Општа Болница Куманово и околу 28.000 парчиња медицинска опрема од истиот вид за службата на Итната медицинска помош обезбеди DRӒXLMAIER Македонија.

Заштитните маски се дел од задолжителната заштитна опрема за еднократна употреба, а преку донацијата на DRӒXLMAIER потребата од овој тип медицинска опрема во двете здравствени установи ќе биде задоволена во период од неколку последователни години.

Придонес за општото здравје

„Претстојниот период на дарување нека биде поттик за сите нас уште повеќе да развиеме чувство за колективна одговорност и емпатија. Здравјето е на прво место и затоа ваквите активности за

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Косматац – Кумановско село кое го основале Черкезите

поддршка на здравствените установи во насока на подобрување и унапредување на условите за работа, а со тоа и подобри услови за пациентите ќе продолжат и во иднина. Хуманоста и одговорното однесување се значајни вредности преку кои сите заедно ќе придонесеме за градење одржливо општество и иднина вредна за живеење“, рече Лукас Мирингер, Генерален менаџер на DRӒXLMAIER Македонија.

Болницата и Брзата помош со благодарност до DRӒXLMAIER

„Заштитните маски во здравствените установи се употребуваат секојдневно како дел од општите мерки за заштита на сопственото, но и на јавното здравје и помошта од ваков вид ни е секогаш добредојдена”, рече Биљана Ивановска, директор на ЈЗУ Општа Болница Куманово потенцирајќи

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Сите сплотени да продолжиме да чекориме по патот на нашите револуционери

дека од основањето на DRӒXLMAIER во Куманово во 2021, компанијата редовно ја поддржува оваа здравствена установа.

Според Фарук Алили, директор на Здравствен дом Куманово секоја поддршка за јавните здравствени установи претставува  придонес за унапредување на јавното здравје и шанса за живот на многу граѓани. „Би сакал да упатам искрена благодарност до DRӒXLMAIER како општествено одговорна компанија која покажува интерес и грижа за заедницата“, вели Алили.

Loading...

DRӒXLMAIER Македонија, претходно за болницата во Куманово обезбеди два нови ЕКГ апарати како и комплетна постелнина во вид на креветски чаршафи и навлаки со кои значително ќе се подобрат условите за престој на пациентите, но и ќе се зајакнат болничките капацитети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 1.100 ученици во Куманово бесплатно пливаат на затворениот Градски базен (ФОТО)