DRӒXLMAIER Куманово го одбележа Светскиот ден на животната средина со акција за пролетно чистење

Сподели со своите пријатели

По повод Меѓународниот ден на животната средина DRӒXLMAIER Куманово заедно со своите вработени успешно реалзираше акција за пролетно чистење во центарот на Куманово.

Loading...

Со висока мотивираност и волонтерски пристап вработените тимски работеа кон подобрување на околината и животната средина во својата заедница.

Пролетната акција за чистење беше реализирана во соработка со јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од Куманово кое го презеде собраниот отпад по завршувањето на акцијата. Потребните реквизити за акцијата како хигиeнски ракавици и соодветни кеси за собирање отпад беа обезбедени од страна на DRӒXLMAIER.

Грижата за животната средина како секојдневна активност

Акциите од ваков тип се редовна практика за DRӒXLMAIER Македонија како дел од стратегијата за заштита на животната средина. „Преку континуиран волонтерски ангажман од ваков тип се трудиме да бидеме пример во градењето еколошки одржлива иднина и поттикнување на свеста за почиста и

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Косматац – Кумановско село кое го основале Черкезите

поздрава околина. Грижата за животната средина неопходно е да стане сечија секојдневна активност, а ние ќе продолжиме и во иднина да бидеме вистински пример во таа насока и заедно да работиме на зголемување на свеста за зачувување на природата “, вели  Лукас Мирингер, Генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија.

 

 

Loading...

Со тимски дух до чиста околина

За вработените во DRӒXLMAIER Куманово, оваа акција за пролетно чистење е уште една можност да придонесат за одржување на околината и чистата животна средина преку поставување на пример за одржливо одговорно однесување. „Секогаш со задоволство сум дел од акциите за пролетно чистење кои се комбинација од еколошки придонес и колегијално дружење“, вели Александар Стојановиќ, вработен во DRӒXLMAIER Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Сите сплотени да продолжиме да чекориме по патот на нашите револуционери

Феркан Салии, исто така вработен во DRӒXLMAIER Куманово смета дека ваквите активности се одлична можност за зајакнување на тимскиот дух каде покрај индивидуалниот труд кон подобра еколошка иднина тие се и добра прилика за дружење и убаво поминат ден со колегите.