Државното знаме во Куманово поделено на два дела: Еден за јарболот, вториот во дрвото (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Државното знаме кое е поставено во центарот на Куманово е оштетено. Дел од знамето останал на јарболот, а дел се наоѓа на дрво.

Loading...

Кумановци за телевизија Плус раскажаа дека знамето било оштетено при тридневната жалост, по трагедијата која се случи во Бугарија, кога по одлука на Владата знамињата беа поставени на половина копја.

Досега никој од надлежните не презеде ништо, па знамето се уште може да се забележи и на јарболот но и на дрвото.