Државно првенство во пливање на градскиот базен во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Над 160 ученици од 45 основни училишта од Република Македонија денеска беа дел од Државното првенство во пливање за основци кое се одржа на Затворениот градски базен во Куманово.

 

Loading...

 

Натпреварувањето беше во организација на Федерацијата за училишен спорт, а во соработка со Општина Куманово и Агенцијата за млади и спорт.

 

 

Како што потенцираше првиот човек на федерацијата Александар Туфекчиевски, ова е празник за спортот, затоа што се натпреваруваат ученици и од градови кои немаат затворени базени.

– Овде не се дојдени само деца што се во пливачки клубови, туку и ученици што пливаат во пливачки школи, со нивните наставници на различни летни кампови. Инаку генерално во оваа прилика сакам градот Куманово да го поздравам, затоа што секогаш безрезервно го поддржува училишниот спорт, не само на ниво на ниво на Општина Куманово, туку и пошироко, затоа една огромна благодарност и на градоначалникот и на Советот на Општина Куманово и одговорните лица за спортот и Сојузот на училишен спорт на градот кој е непосреден организатор на целиот овој настан, рече Туфекчиевски.

 

Loading...

 

Агенцијата за млади и спорт од јули минатата година во своите програмски активности како темел на програмата за развој на спортот го има сместено училишниот спорт, посочи раководителот на секторот за спорт при агенцијата Томислав Андоновски,  кој најави сериозна поддршка со материјални и финансиски средства за да се мотивираат сите ученици од освновните и средни училишта.

– Сакаме да се зголемат активностите во самите училишта, во општините и регионите, а завршните натпревари е националниот систем на натпревари. Сакам да изразам благодарност и до Федерацијата на училишен спорт и наставниците по спорт во основните и средини училишта за поддршката што ја даваат за нивната посветеност, бидејќи факт е дека многу малку се стимулирани за она што го работат. Имаме сериозни планови во нивна едукација за усовршување на националниот ситем и се разбира во подобрување на материјалните услови во училиштата, изјави Андоновски.

 

 

Најголемиот финансиер на Федерациајта на училишен спорт е Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт, а во денешната организација е вклучена и Општина Куманово, од каде се радуваат што полека, но сигурно инвестицијата Затворен градски базен се користи за промоција на спортот кај младите.

– Затворениот градски базенс е градеше малку подолг временски период и зафати еден голем дел од Буџетот на Општина Куманово, но нормално ние како одговорна општина треба да им овозможиме услови на сите граѓани, па и овој Затворен базен им даде посебни услови да се развие пливањето во градот Куманово. Како добри домаќини, не само на нашите деца, туку на сите деца од Македонија што дојдоа им посакавме добредојде и пруживме најдобри услови за пливањето за да може оваа млада генерација да даде максимум во пливањето, се надевам дека ќе дадат добри резултати и во иднина ќе се развијат во добри пливачи, изјави Цоки Ристевски, од Општина Куманово.

 

 

Најдобрите пливачи, како што посочија од Федерацијата, покрај медали и дипломи ќе добијат можност за стипендија од Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование и наука.

Leave a Reply