Државните институции задолжени да ги ослободат кумановци од работа порано, за приватните само препорака

Сподели со своите пријатели

Државните институции од понеделник ќе мора да ги ослободат сите вработени кои живеат во Куманово, од работните места во 14:30 за да стигнат дома пред да почне полицискиот час.

Loading...

Меѓутоа кога станува збор за приватниот сектор, Владата издаде само препорака.

– Се задолжуваат сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица кои работат во овие институции и фирми, а кои живеат на подрачјето на општина Куманово, да завршат со своите работни задачи и активности и да бидат ослободени за враќање во своите домови во периодот од 14.30 часот до 15.00 часот, со цел пред почетокот на забраната за движење на подрачјето на општина Куманово, односно пред 16.00 часот да можат да бидат во своите домови, стои во соопштението кое на Фејсбук го објави премиерот Оливер Спасовски.

Никола Ивановски

Leave a Reply