Државниот секретар во МВР Петрушевски учествуваше на експертска дебата организирана од ОБСЕ

Сподели со своите пријатели

Денеска (11.12.2024 година) државниот секретар Сашо Петрушевски присуствуваше на експертска дебата на тема „Презентација на нацрт методологија за воспоставување на платформа за следење на фемицид во Северна Македонија“. Дебатата се одржа во Скопје во организација на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – Мисија во Скопје (ОБСЕ), како продолжение на активностите за подигнување на свеста на заедницата за насилството над жените и девојчињата и семејното насилство.

Loading...

Во своето обраќање, државниот секретар истакна дека: „Фемицидот, или убиството на жени само поради нивниот пол, претставува екстремен облик на родово базирано насилство. Ова не се изолирани инциденти – тоа е системски проблем, длабоко вкоренет во нееднаквоста и патријархалните вредности. Од друга страна, семејното насилство, кое може да биде физичко, психолошко, економско или сексуално, остава трајни последици врз жртвите, нивните семејства и општеството во целина.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што најмногу пребаруваа Македонците во 2024? На Гугл го бараат Гугл!

 

 

Во продолжение на говорот, државниот секретар повика да не се молчи, затоа што молчењето е соучесник.

„Секое молчење, секој случај, секоја несоодветна реакција го одржува овој циклус на насилство. Мора да разбереме дека ниту една жена, ниту едно дете, ниту еден човек не заслужува да биде жртва на насилство. Овие дела не се лична трагедија – тие се општествена рана што бара лекување.“

Говорот го заврши со повик за акција, при што ги нотираше активностите кои треба да се преземат од целокупното општество, особено и од невладиниот сектор, затоа што фемицидот и семејното насилство не се само бројки и статистики – тие се човечки животи.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Петрушевски на средба со делегација од Кралството Камбоџа

„Заедно можеме да изградиме општество каде секоја жена и секое дете ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Време е за акција, време е за правда, време е за живот без насилство врз нашите мајки, сестри, жени… време е за живот без насилство врз жените“ – изјави Петрушевски.

 

 

Во продолжение на настанот се одржа презентација на нацрт методологијата за платформа за следење на фемицидот и дискусија врз основа на која се собраа идеи, мислења и препораки развивање на овој механизам за следење на фемицидот во нашата држава.