Државна лотарија го додели вториот автомобил од инстант лозот 7х7

Сподели со своите пријатели

Три исти симболи од автомобил HYNDAI Bayon, во среќното место „Сити Тобако“, изгребала Константина Трпкоска, на која  ги предадовме клучевите од вториот автомобил  од вкупно 14 кои ги нуди инстант лозот 7х7.

Loading...

Тимот на Државна лотарија  се сретна со добитничката пред автосалонот „Гранд ауто“ во Скопје, а Константина, заедно со нејзиното семејство ни ја раскажа среќната приказна.

 

 

Имено, Константина, при прошетка во Прилеп со нејзините две дечиња купила еден инстант лоз 7х7 да ја проба среќата. Тој лоз и донел добивка од 80 денари кои одлучила да ги замени со нов инстант лоз. Токму замената ги криела 3-те симболи на HYUNDAI Bayon.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анализа: Колку и што се превезува со железничкиот сообраќај?

Откако ја потврдиле добивката во „Сити Тобако“ и во Државна лотарија, Константина, возбудена, веднаш се јавила кај нејзиниот сопруг за да ја сподели радоста.

 

Loading...

 

Инаку, семејство Трпкоски за себе велат дека редовно ја предизвикуваат среќата со игрите на среќа на Државна лотарија, а на останатите кои посакуваат ваков автомобил, среќната добитничка ги посоветува да играат редовно, затоа што никој не знае каде е среќата.

Да потсетиме: инстант лозот 7 х 7 стана најнов член на семејството на инстант лотаријата на Државна лотарија, како одговор на барањата на играчите. Лозот нуди вкупен фонд на добивки од близу 80 милиони денари, вклучувајќи 14 премии од кои 7 возила HYNDAI Tucson и 7 возила HYNDAI Bayon, како и парични добивки од 80 денари до 50 000 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31.12.2024

 

 

Воедно, ве поттикнуваме да подарите можност за среќа плус и во вашите планови за подарување да го вклучите и инстант лозот 7 х 7, со којшто може покрај возбуда и забава, да подарите возило или вредна парична добивка. Инстант лозот, може да е вашиот перфектен подарок.

Loading...

Интегрално соопштение