Државјанин на Србија приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден во 16.45 часот на  Граничниот премин „Табановце“, од страна на полициски службеник приведен е Т.Б. (50) од Република Србија, поради постоење основи на сомнениеедека патничко моторно возило марка ,,Фолксваген пасат“ со српска национална ознака, кое го управувал, е фалсификувано, односно носителите на идентитетот на возилото отстапуваат од оргиналната изведба.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во 19:10 часот лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.