Државјанин на Србија баран за кражба приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгопдишен М.Р. од Република Србија вчера околу 21:40 бил приведен на граничниот премин Табановце, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При пасошка контрола било констатирано дека лицето е предмет на потрага поради постоење основи на  сомнение дека е сторител на кривично дело „кражба“.

Истиот бил приведен и во 23.55 часот  предаден на полициски службеници од Полициската станица Радовиш за понатамошна постапка