Државјанин на Белгија баран од Интерпол приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

На Граничниот премин Табановце, викендов за влез во Република Северна Македонија се пријавил А. С. (43) од Скопје, државјанин на Белгија.

Loading...

– При пасошката контрола е констатирано дека се бара по потерница од Интерпол, информираат од МВР.

Лицето, како што додаваат од полицијата е приведено и предадено на СВР Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply