Четири лица државјани на Романија вчера околу 20 часот биле приведени на граничниот премин Табановце, откако се обдиеле да ја напуштат државата, а биле барани за кжраба на златара во Охрид, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено лицата се приведени под сомнение дека извршиле кражба на златара во Охрид, а станува збор за лицата со иницијали М.Ц., Л.А. (25), М.Ц. (58) и М.Ф. (67), сите од Романија.
При преглед кај Л.А. пронајдени биле три златни ланчиња, додека при претрес на нивното патничко моторно возило марка „Форд“ со германска регистарска ознака пронајден бил и останатиот златен накит.
Во 21.30 часот со потврда за предавање, лицата и предметите биле предадени на инспектори од Секторот за внатрешни работи – Куманово за понатамошна постапка.