Државен Street Workout натпревар викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Државен Street Workout натпревар ќе се одржи во сабота во Куманово со почеток во 10:00 часот во Gladiator Arena, односно мини паркот зад економското училиште.

Loading...

Станува збор за прв Државен натпревар од ваков вид,а организатори се Street Workout Club „Bar Gladiators“ од Куманово, составен само од Weighted Calisthenics, каде што ќе биде откриен Апсолутниот Шампион во Македонија за сезона 2021-ва.

Како што информираат организаторите, натпреварувачите ќе можат да одберат помеѓу POWER и/или STRENGHT, со категории -75kg и +75kg.

За оние натпреварувачи кои што сакаат да влезат во ждрепката за Апсолутен Шампион, бодувањето ќе биде со три поени за прво место, два поени за второ и еден поен за трето место во двете категории.

– Во категоријата 1RM, секој натпреварувач има право на 3 изведувања. На пример прв обид 1RM SQUAT 100kg, втор обид 1RM SQUAT 120kg, трет обид 1RM SQUAT 140kg. Се брои само највисокото успешно подигнато повторување. Во случај кога двајца или повеќе натпреварувачи ќе подигнат идентична тежина, тогаш следува battle и има уште еден дополнителен круг за горенаведените натпреварувачи, се додека не остане еден од нив, појаснуваат организаторите.

Правилната форма на изведување на дисциплините ќе биде презентирана на лице место за секоја дисциплина поединечно.

За најдобрите три натпреварувачи во секоја дисциплина следува златен, сребрен и бронзен медал.

Натпреварот ќе биде без котизација.

Loading...

За учество на натпреварот можете да се пријавите ТУКА, или на лице место, еден час пред почетокот на првенството.

Никола Ивановски