Дрвосечачите отстранети од центарот на Куманово, ВМРО-ДПМНЕ вели власта ги спречува да работат

Сподели со своите пријатели

Деновите инспектори и полициски службеници од СВР Куманово ги отстранија Ромите дрвосечачи кои беа лоцирани во центарот на градот веднаш зад Занатскиот дом, а отстранети се и нивните мотокултиватори кои беа паркиарни на улицата „Иво Лола Рибар“.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција реагираше дека актуелната власт ги спречува Ромите да заработат за корка леб.

Манипулираа со чувствата на гладните, а за нивните маки  го обвинуваа ВМРО-ДПМНЕ. Но како и за многу други работи и за оваа, маските паднаа! Деновиве многу наши сограѓани, пред се од ромска националност кои за парче леб заработуваат преку превоз и складирање на огревно дрво и други услуги, се пожалија дека актуелната власт ги спречува да работат. Реагираат со солзи во очите дека власта им забранува да ги користат превозните средства, како што се  разни приколки и мотокултиватори, со чија помош обезбедуваат, каква таква егзистениција за нивните семeјства – рече Валентина Јовановска од ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Јовановска прашува што имаат направено лошо овие луѓе за да бидат мета на закани и притисоци, а воедно порача власта на централно, но и локално ниво да покаже поголема човечност.

Надлежните пак претходно рекоа дека морало да се отстранат од центарот на градот, затоа што тука редовно пиеле, лежеле и претставувале грда слика за градот. Што се однесува за отстранување на мотокултиваторите, посочија дека тоа е сторено поради зголемување на безбедноста во сообраќајот, затоа што со овие возила паркиарни на улицата „Иво Лола Рибар“ кај малиот пазар се попречува нормалното движење на останатите возила низ градот.