Дружење со Дедо Мраз и концерт на локални артисти денеска во Куманово

Сподели со своите пријатели

„Мојот град во новогодишни бои“ е настанот кој денеска на градскиот плоштад во Куманово ќе донесе новогодишна радост за најмалите.

Дечињата ќе можат да уживаат во дружба со Дедо мраз и маскоти низ интерактивна забава со почеток од 13 часот.

За новогодишната музичка програма ќе биде задолежн диџеј Томи.

За тинејџерите и повозрасните вечерва од 18 часот ќе се одржи и концерт на повеќе локални артисти меѓу кои бендовите „Мираж“ и „Нема назад“, со настапи на Едно дете, La Mqrio, Аиман и Лука Чомбе.

Забавата продолжува и утре со настапи на „Пеперминт“, Мартинијан Кириловски и Антониа Гиговска, исто така со почеток во 18 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Печалбарите од Ирак и Авганистан на предупредувачки протест пред УЈП (ВИДЕО)

Настаните се во организација на Фондацијата и Секторот за култура и спорт при Општина Куманово, а со финансиска поддршка од Градоначалникот и Советот.

Никола Ивановски