Другi лица нема да можат да го видат вашиот екран на телефонот

Сподели со своите пријатели

Сигурно ви е познато чувството кога ќе фатите некој како го гледа вашиот екран, во транспорт, на работа, во друштво. Епл, како апсолутен владетел во областа на приватноста, подготвува патент кој ќе ги спречи сите други да гледаат што е на вашиот екран.

Loading...

За уредите на Епл

Епл поднесе нов патент поврзан со потенцијална нова функција за Ајфон телефони која ќе им овозможи на корисниците да гледаат содржина на нивниот екран преку специјални очила. Тоа би значело дека само вие можете да ги видите промените на екранот преку специјални очила, додека сите други што го гледаат вашиот телефон нема да видат ништо. Нов патент бил поднесен до Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД оваа недела. Епл ја нарекол оваа функција „Очила за приватност“ и ја дефинира како систем што ги спречува другите да гледаат графички излези на електронски уред.

 

 

 

Во основа, секој што нема очила би погледнал во заматениот екран. Сепак, овој патент покажува планови за мапирање на дополнителни функции кои би ги читале корисничките метрики. Значи, ако некој има очила и не е корисник на уредот, не може да го користи. Засега Епл не ги потврди сите протечени информации, па сè уште не сме сигурни какви нови функции можеме да очекуваме.

Loading...