Дронови и ракети испукани кон американската амбасада во Багдад (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рачно утрово од областа околу градот, врз американската амбасада во Багдад беа испукани ракети и најмалку пет дронови, соопштија ирачки безбедносни извори, оценувајќи го нападот како најинтензивен од почетокот на војната меѓу САД и Израел со Иран.

Најмалку три дрона беа испратени кон амбасадата, објави Ројтерс.

 

 

Два беа соборени од системот за воздушна одбрана C-RAM, додека третиот го погоди комплексот на амбасадата, по што беа видени чад и оган.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран се закани дека ќе ги нападне земјите кои ќе обезбедат бази на САД за напад врз нивниот нафтен остров

Експлозијата се слушна во главниот град на Ирак.

Нападите врз американските интереси во Ирак во последните недели ги извршија милиции поддржани од Иран како одмазда за војната што започна на 28 февруари.

 

 

Во понеделник, групата Катаиб Хезболах ја потврди смртта на својот врховен командант и портпарол, додека Здружените мобилизациски сили соопштија дека најмалку осум нејзини борци се убиени во воздушни напади во градот ал-Каим, во близина на сириската граница.

Ирачките безбедносни сили се распоредени низ делови од Багдад и ја затворија утврдената Зелена зона, каде што се наоѓаат владини институции и дипломатски мисии, вклучувајќи ја и амбасадата на САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хутите размислуваат за затворање на стратешкиот теснец Баб ел-Мандеб