Дрон со експлозив пронајден на брегот на бугарско одморалиште

Сподели со своите пријатели

На брегот на бугарското летувалиште Тјуленово на Црното Море е пронајден дрон од непознато потекло, кој според непотврдени информации носел експлозив.

Loading...

Според бугарскиот портал novinite.bg, дронот е пронајден случајно синоќа.

Не е познато како дронот завршил на бугарското крајбрежје, дали паднал од воздух или бил однесен од плимата.

Бугарското Министерство за одбрана денеска соопшти дека испратило специјална единица за проверка и деактивирање на дрон со експлозив, пренесува Ројтерс.

Туристичкиот град Тјуленово се наоѓа на 70 километри од романската граница и веднаш спроти Крим.

Порталот Нова.бг, повикувајќи се на изјави на очевидци, објави дека дронот бил долг од три до 3,5 метри и дека има прикачено експлозив.