Древните крокодили оделе на две нозе, открија научниците

Сподели со своите пријатели

Научниците од универзитетот Квинсленд во Австралија откриле траги од антички крокодил што се движел на две нозе, објави „Тајмс“, повикувајќи се на списанието „Scientific Report“.

Loading...

Крокодил наречен Batrachopus grandis живеел во времето на диносаурусите и е далечен предок на современите крокодили и алигатори.

Овие праисториски животни живееле на територијата на денешна Јужна Кореја пред околу 120 милиони години.

Научниците открија нов вид крокодил: Прекумерно се ловени поради својата кожа

Траги од предокот на крокодилот се откриени при ископувања. Првично, научниците мислеле дека тие претставуваат траги на летачки птеросаури кои исто така оделе на две нозе. Но, по дополнителни анализи, се покажало дека станувало збор за антички крокодил што не може да лета.

Бидејќи откриените траги се долги 18-24 сантиметри, научниците пресметале дека овие животни би можеле да достигнат должина од околу три метри.

 

Loading...

Leave a Reply