Дрекслмајер донираше компјутери и таблети за учениците во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Како поддршка на учениците, но и олеснување на наставниот процес, Дрекслмајер Куманово донираше компјутерска опрема и таблети за учениците од неколку училишта во Кумановскиот регион.

Loading...

Особено задоволни беа учениците од основното училиште „Толи Зордимус“ од селото Режановце кои добија таблети. Компјутерска опрема добија и учениците во основното училиште „Карпош“ во Умин Дол, а учењето преку компјутер ќе им биде олеснето и на учениците од средните училишта кои престојуваат во ученичкиот дом „Професор Михајловиќ“ во Куманово.

„Драго ни е што со оваа донација ќе го поддржиме образовниот процес и ќе им го олесниме учењето на учениците кои и оваа година, поради пандемијата, се соочуваат со потешкотии. Учениците и воопшто младите луѓе се капитал на општеството и ние силно го поддржуваме нивниот развој на полето на образованието, спортот и културата. Оваа донација е показател дека сме на вистинскиот пат да ги да ги мотивираме уште повеќе да учат и да се развиваат“, рече Лукас Мирингер, Генерален менаџер на Дрекслмајер Македонија.

 

 

Компјутерската опрема ќе им биде од корист и на наставниците во насока на подобрување на квалитетот на наставата и збогатување на наставната програма.

„Со оваа донација наставниците од нашите училишта полесно и поквалитетно ќе ја спроведуваат наставата, а на учениците ќе им биде овозможен пристап до бројни наставни содржини. Среќни сме што постојат општествено одговорни компании како што е Дрекслмајер Куманово која ја дава својата поддршка за образованието како еден од клучните столбови за развој на општеството“, вели Тања Тодоровска, директор на ООУ
„Карпош“ од с. Умин Дол.

Loading...

Дрекслмајер како лојален партнер на регионот посветено и доследно продолжува да ја спроведува стратегијата за поддршка на образованието, спортот и културата иницирајќи проекти кои придонесуваат за општото добро на заедницата.