Дрекслермаер донираше два ЕКГ апарати за Општа болница Куманово

Сподели со своите пријатели

Медицинскиот персонал во кумановската болница ќе работи со нови шестканални ЕКГ апарати кои се донација од DRӒXLMAIER Македонија. Опремата е веќе ставена во функција и е во служба на здравјето на граѓаните од Куманово и околината.

Loading...

Претставници на DRӒXLMAIER Македонија ја предадоа донацијата во кумановската болница. „Во изминатиот период научивме дека заштитата на здравјето е наша лична, но и заедничка одговорност. Како сигурен партнер на регионот кадешто делуваме, во соработка со здравствените установи, реализираме бројни проекти и активности на начин што даваме поддршка при заштитата и унапредувањето на јавното здравје“, велат од менаџментот на DRӒXLMAIER Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Какво време носи последниот викенд од октомври?

„ЕКГ апаратите пристигнаа во вистинско време“

„Со оваа донација DRӒXLMAIER покажува дека станува збор за исклучително одговорна компанија која дава свој придонес во насока на здравјето на граѓаните во заедницата во којашто делува. ЕКГ апаратите дојдоа во вистинско време. Поради зголемениот обем на работа во изминатиот период, дел од оние што до сега ги користевме се истрошени и потребно е да се заменат со нови“, потенцира примариус д-р. Радомир Гелевски, Специјалист по дигестивна хирургија и помошник директор во кумановската болница.

Ова не е првата донација од DRÄXLMAIER

Во изминатиот период DRӒXLMAIER Македонија веќе донираше ЕКГ апарати за болницата во Неготино, апарат за тестирање примероци од нос и грло од пациенти сомнителни на Ковид 19 за лабораторијата на Центарот за јавно здравје во Прилеп како и заштитна и друга медицинска опрема за болниците во Кавадарци, Велес, Прилеп и Неготино.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец украл чанта од 79-годишна жена, полицијата го привела

DRӒXLMAIER и понатаму продолжува да иницира и да организира активности и проекти од интерес на заедницата во областа на здравјето, спортот, образованието и културата.