Во Германија има значително зголемување на цената на едно од најпознатите чоколади во Европа.
За 0,50 евра по 100 грама се зголеми цената на Милка, чоколадото произведено под брендот на американската компанија Монделез.
Чоколадото кое претходно чинеше 1,49 евра, сега се продава по цена од 1,99 евра во големите трговски синџири како Алди, Едека, Реве и Росман.
Ова поскапување претставува пораст од 33,55 отсто.
Mondelez не ја коментираше оваа промена на цената.
Поскапувањето на Милка не е единствено; Минатата година поскапеа и други чоколади, како Ритер Спорт.
Производителот Lindt & Sprungli најави дека ќе продолжи да ги зголемува цените на своите производи оваа година.
Компаниите ваквата ситуација ја објаснуваат со лошата жетва на какаото и негативните последици од климатските промени кои влијаат на цените на суровините.
Според официјалните податоци, чоколадото во декември 2024 година поскапело за 14,6 отсто во однос на истиот месец претходната година.
Цената на какаото на светскиот пазар во март минатата година достигна рекордни врвови, а експертите не очекуваат во скоро време намалување на цените.