Драматични снимки од нападот во Украина ги преплавија социјалните мрежи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин одобри специјална воена операција во источна Украина, по што руските сили истрелаа ракети врз неколку градови во Украина и ги приземјија силите на нејзините јужни брегови, објавија украинските власти и медиуми.

Loading...

На социјалните мрежи се појавија првите снимки од експлозијата, која е и почеток на нападот на Украина.

Набргу по експлозијата, украинскиот претседател Владимир Зеленски прогласи воена состојба за целата земја.

 

 

Украинските служби за итни случаи ги објавија нападнатите цели во 10 региони на Украина, најмногу на југот и на истокот на земјата, пренесува Гардијан.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ја уништило воената инфраструктура во украинските воздушни бази и ја десеткуваше украинската воздушна одбрана.

Loading...

 

 

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, го потврди почетокот на „тоталната инвазија“ на Украина.

„Путин штотуку ја започна целосната инвазија на Украина. Мирните украински градови се нападнати. Оваа војна е агресија. Украина ќе се брани и ќе победи. Светот мора и може да го спречи Путин. Сега е време да се дејствува“, напиша Кулеба на Твитер.

Многу Украинци и странски државјани поради тоа почнаа да бегаат од Украина, а на социјалните мрежи се појавија видеа од Киев и други градови каде одекнаа експлозиите, а една од целите беше аеродромот во Ивано-Франковск.