ДРАМАТИЧНИ ГЛЕТКИ: Израел напаѓа и во Џенин (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Конфликтот меѓу Израел и Палестина се случува во Појасот Газа, но загинати Палестинци има и во друг дел од оваа земја – каде Хамас не е на власт.

Loading...

Додека со Појасот Газа управува палестинската група Хамас, на власт на Западниот Брег е Фатах, предводен од палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Иако групата Хамас не е на власт на Западниот Брег, тоа не гарантира безбедност во овој дел на Палестина.

Како што јави Ал Џезира, Израел изврши голем напад врз градот Џенин.

Првите информации велат дека има повеќе загинати, а според информациите на палестинското Министерство за здравство најмалку четири лица загинале, а пет се ранети.

Според Ал Џезира, Израел нападнал бегалски камп во овој град. Како што понатаму велат, користени се и дронови, а вистинската причина за нападот не е позната.

На социјалните мрежи се појавуваат и видеа од ситуацијата во овој град кој е критичен.

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...