Драматична потера на небото над Дубаи: Ф-16 урна ирански Шахед (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Драматично видео на кое се гледа како борбен авион Ф-16Е на Обединетите Арапски Емирати го брка и соборува ирански дрон за напад Шахед-136 над плажата Ал Мамзар во Дубаи кружи на социјалните мрежи.

Видеото прикажува исплашени пливачи кои гледаат од плажата додека дронот лета ниско над морето.

Само неколку секунди подоцна, борбен авион Ф-16Е влегува во кадарот и испали ракета AIM-9X Sidewinder, дизајнирана за блиска воздушна борба. Дронот беше уништен веднаш по ударот.

Министерството за одбрана на ОАЕ објави дека во неделата биле откриени вкупно 117 дронови, од кои 113 биле пресретнати и уништени, додека четири паднале на територијата на земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран постави услов за слободна пловидба низ Хормуз

Воздушната одбрана, исто така, пресретнала 16 ирански ракети, додека една паднала во морето, пишува Дејли Меил.

Нападите следеа по бранот ирански одмазди низ Блискиот Исток по атентатот врз ајатолахот Али Хамнеи.

Иран започна напади не само врз ОАЕ, туку и врз Катар, Бахреин и Саудиска Арабија.

Според властите во Абу Даби, Иран испалил 238 балистички ракети врз ОАЕ од почетокот на американско-израелските напади, од кои 221 биле соборени, додека само две ја погодиле целта.

Во саботата навечер, напад со беспилотно летало ги погоди луксузните делови на Дубаи. Едно лице загина, а два станбени облакодери беа зафатени од пожар.

Чад се издигаше од 88-катната кула 23 Марина, која беше погодена од остатоци од соборен дрон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Макрон најави воена мисија за одбрана на Медитеранот