Драматична поморска потера на шверцери кои бегаат со четири тони кокаин (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мексиканската морнарица запленила повеќе од четири тони кокаин и привела 11 лица за време на две бркања на море, соопштија властите.

Loading...

Во две различни операции мексиканската морнарица запленила четири тони кокаин во Тихиот Океан, јавува Дневник.хр.

Неколку лица беа уапсени на мексиканскиот брег на Тихиот Океан во близина на Оахака, меѓу кои и четворица странци.

На видеото што го обезбеди мексиканската морнарица се гледа офицер на морнарица кој по дива потера на море, се спушта од хеликоптер со јаже и скока во брод што превезува шверцери на дрога.

И двете операции резултираа со бркање со голема брзина на море.

Мексиканските власти соопштија дека пронашле и повеќе од 5.000 литри гориво.

11 лица се приведени и предадени на обвинителството.

 

Loading...

https://youtu.be/e6ahPm8N1PE