Едно лице чиј идентитет засега не е откриен, вчера пукало кон четири други лица во скопско Визбегово, меѓу кои и дваесетгодишен кумановец.
Loading...
Во престрелката едно лице се здобило со повреди.
– На 28.01.2022 во 20.30 часот било пријавено дека во с.Визбегово, скопско, едно лице испукало со огнено оружје кон О.И.(36) од с.Визбегово, Н.Љ.(27) од Скопје, В.Н.(40) од Куманово и Е.Р.(20) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Со повреди во пределот на нозете се здобил Е.Р., по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.
Никола Ивановски