Руската вселенска агенција соопшти дека денеска изгубила контакт со метеоролошкиот сателит лансиран неколку часа претходно од новиот космодром Восточниј, на Далечниот Исток.
– Контактот со сателитот „Метеор“ не е воспоставен поради тоа што не ја достигнал предвидената орбита, се наведува во соопштението на „Роскосмос“.
Вселенската агенција додава дека се утврдуваат причините за неуспехот.
Космодромот Восточниј во регионот на реката Амур е отворен во април 2016. година.