Пожар избувна во комплексот руски лабораторијии во Сибир каде се чуваат вируси, од сипаница до ебола, по експлозија на бензин, објави Гардијан.
Националниот истражувачки центар за вирологија и биотехнологија, познат како „Вектор“, објави дека не постои опасност за граѓаните.
Пожарот избувна за време на реновирањето на канцеларијата за санитарна инспекција од петти кат.
„Гардијан“ наведува дека истражувањето на биолошкото оружје е организирано на ова место за време на советската ера и сега е еден од главните центри на Русија за истражување на болести.
Еден работник претрпел изгореници од трет степен. Пожарот, наводно, се раширил преку систем за вентилација и зафатил површина од 30 квадратни метри.
Руските власти соопштија дека во собата каде што се случила експлозијата немало опасни материи и не е направена сериозна штета.
Локалните власти велат дека лабораторијата не содржела опасен патоген заради реновирањето.