Драма во Париз: Пожар на Ајфеловата кула, евакуирани туристи!

Сподели со своите пријатели

Поради пожарот кој избувна денеска кај Ајфеловата кула, туристите се евакуирани!

Loading...

Ајфеловата кула е главната туристичка атракција на Париз, главниот град на Франција, и секоја година ја посетуваат милиони туристи.

Засега нема извештаи за повредени, објави Мирор.

Туристичката атракција е затворена додека не се изгасне пожарот, пренесоа француските медиуми.

Според непотврдени информации, пожарот настанал во отворот на лифтот меѓу првиот и вториот кат.

Противпожарните екипи излегоа на терен и пристапот до граѓаните е ограничен.

Извори блиски до полицијата информираат дека се евакуирани околу 1.200 луѓе, главно туристи.

Причината за пожарот наводно е прегревање на каблите што се користат за подигнување на лифтовите, објави Метро Њуз.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анталија: Автобус излега од патот, неколку загинати и повредени

На социјалните мрежи корисниците коментираат дека се уште се свежи сеќавањата за големиот пожар кога изгоре познатата катедрала Нотр Дам, која неодамна беше целосно реконструирана и отворена за јавноста по речиси пет години.