Драма во Куманово: Му се заканувал со остар предмет, па тој со камен му го скршил автомобилот

Сподели со своите пријатели

Драма се случувала во Куманово откако едно лице му се заканувало на кумановец со остар предмет, а тој пак му го скршил автомобилот со камен.

Loading...

– На 18.10.2024 година  во 20.40 часот во СВР Куманово И.Ј.(36) управител на фирма во Куманово пријавил дека поради претходни меѓусебни недоразбирања лицето С.П. околу 16,00 часот во атар на село Ново Село, кумановско агресивно се однесувал кон  него и му се заканувал со остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, од страна на пријавителот со камен му било скршено предното стакло на возилото со кое дошол С.П.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре без струја поголем дел од Куманово и околината

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Куманово.

Никола Ивановски